Оваа секс сцена од серијата „Девојки“ е главна тема на социјалните мрежи (+18)

Точка

08/03/2017

19:30

28.288

Големина на фонт

а а а

Хит серијата „Девојки“ на HBO е позната по експлицитните секс сцени какви навистина не се гледаат често, а токму една таква беше прикажана и во последната епизода од оваа популарна серија.


Една од главните актерки во серијата, Марни Мајклс, во споменатата сцена има секс со момчето Реј во кујната, а рамнотежа одржува држејќи се за мијалникот. По сексот, Реј на увото тивко ѝ шепнува нешто многу чудно: „Сакам да умрам во уста на лав заедно со тебе, така можеме засекогаш да бидеме заедно, дури и во моментот на сопствената смрт. Твојата смрт е и моја смрт, нели?“


Корисниците на Твитер веднаш „полудеа“ поради бизарната сцена. „Никогаш во животот на телевизија не сум гледала нешто помалку пријатно“, „Секој пат кога имаат секс во кујна, само размислувам за тоа колку не е хигиенски“, се само дел од коментарите.


Ова не е прв пат ликот на Марни да ужива во чудни сексуални пози во кујната, а гледачите уште добро ја паметат „аналната“ сцена од четвртата сезона.



Спонозорирани линкови

Маркетинг