Хотел од контејнери кој дава неверојатен поглед

Точка

08/03/2017

19:04

3810

Големина на фонт

а а а

Хотелот е направен од контејнери во минималистички стил, а користени се материјали од локално производство кои не се штетни за околината.


Хотелот Quadrum во Грузија бил инспириран од самиот Кавказ, врз кого се протега поглед од секоја соба. Бидејќи околните планини се формирани во форма на триаголник, па така и Quadrum е изграден во форма на пирамида.


Хотелот е направен од контејнери во минималистички стил, а за неговата изградба се користени материјали од локално производство кои не се штетни за околината. За оригиналниот проект се заслужни архитектите Сандро Рамишвил и Иракли Еристави.


Собите на располагање се еднокреветни и двокреветни и има делукс семејни апартмани. Освен прекрасниот поглед, тука имате и бесплатен wi-fi, телевизија, бар, базен и сауна и соба за јога и фитнес, а во близина можете да скијате и да одите на риблов.













Спонозорирани линкови

Маркетинг