Хамилтон смета дека Ферари се фаворити

КРУГ.МК

08/03/2017

18:30

804

Големина на фонт

а а а

Трикратниот првак, Луис Хамилтон, смета дека Ферари, а не Мерцедес, се најсериозни кандидати за титула претстојнава сезона.

Мерцедес доминира во спортот од 2014 година, а во оваа предсезона е секогаш на врвот по брзината и бројот на круговите. Но, проблемот е што овојпат рамо до рамо со нив се црвените болиди на Ферари, како по времињата постигнати по круг, така и по бројот на извозени кругови.

„Мислам дека Ферари мора да бидат фаворити и не смееме да го симнеме погледот од нив затоа што извонредно работат на тестовите. Ред Бул изгледа дека исто така се многу брзи. Ќе видиме во периодот кој следи, но мислам дека првата трка ќе биде премногу блиска. Судејќи по времињата се чини дека Ферари се најбрзи, а можеби ние сме втори пред Ред Бул“, анализира Луис.

Првиот ден од втората сесија Вилијамс изгледаа страшно конкурентни, а на Хамилтон му е мило и посакува тимот од Гров да се вклучи во борбата на врвот.

„Би било неверојатно. Вилијамс сериозно напредуваат минатите години и стануваат се посилни. Се надевам дека ќе се приближат до врвот и тоа ќе биде супер“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг