Ботас го врати Мерцедес на врвот

КРУГ.МК

08/03/2017

16:19

829

Големина на фонт

а а а

Новиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, мина круг на Барселона-Каталуња за 1..19.310 и го собори рекордот на овогодишните тестирања кој го постави повторно тој, но минатата недела.

Претходниот негов рекорд беше поставен со ултрасофт пневматици, а денешното најбрзо време го постави со суперсофт, нијанса потврдите.

Во чекор го следеше Фелипе Маса кој со својот Вилијамс заостана само десетинка користејќи ултрасофт, додека третото време на денот го постави Кими Раиконен, но тој заостана повеќе од една секунда. Следен со 26 илјадити делови од секундата беше Макс Верстапен, а најбавен и воедно најмалку кругови, кој друг ако не Мекларен, повторно управуван од Стофел Вандорн.

Ботас предничеше и по бројот на круговите комплетирајќи 69, 6 повеќе од Фелипе Маса, а 9 повеќе од Хулкенберг на Рено. Ферари мина само 38 кругови и за прв пат иаше проблеми во предсезоната, Раиконен беше повлечен во гаражата на рутинска проверка на течностите во неговиот болид, но по пауза од два часа се врати на патеката.



Спонозорирани линкови

Маркетинг