Батлерот на принцезата Дајана ја открил тајната која ја криел цел живот

Точка

08/03/2017

17:10

14.293

Големина на фонт

а а а

Некогашниот батлер на принцезата Дајана, Пол Бурел, повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако открил уште една долго чувана тајна. Овој пат станува збор за него.

Пол Бурел (57) кој во јавноста е познат како поранешниот батлер и близок пријател на принцезата Дајана, одлучил да ја признае вистината и да го прекине бракот кој траел 32 години, бидејќи е геј. Тој пред само шест месеци се развел од сопругата Марион, со која има два сина, Ник и Алекс.


„Сега е многу посреќен кога во јавноста може да биде она што е. Тој ја пронајде својата среќа и многу е сигурен во себе и својата врска“, рекол пријател на Бурел.

Пол ќе се венча со својот партнер Грејем Купер (58) во април. За ергенската вечер, Пол и Грејем ќе ги водат своите пријатели во геј клуб, а се` уште не е позната локацијата на која ќе се одржи свадбата.

Пријател открил дека венчавката ќе биде со тема на циркус. Келнерите ќе бидат облечени во костими на кловнови, а парот ги поканил само најтесното семејство и најблиските пријатели.


Иако со години се шпекулирало дека Пол повеќе ги сака мажите, тој повеќе пати го демантирал тоа. Единствената личност на која Бурел ѝ ја признал вистината за својата сексуалност била Дајана, која постојано му се доверувала и го сметала за своја „карпа“.

„Ѝ ја кажал вистината, кога не можел да му признае ниту на своето семејство – ете толку беа блиски“, рекол извор близок до Пол за „The Sun”.

Поранешниот батлер на принцезата во текот на годините заработил милиони со откривањето на тајни на кралското семејство. Тој објавувал и книги, давал интервјуа и учествувал во реално шоу во 2004 година.


Во 2001 година Бурелбил уапсен поради сомнеж дека од станот на Дајана во Кенсингтонската палата украл повеќе од 300 вредни и лични предмети на принцезата. Полицијата по претресот на неговиот дом пронашла и работи кои им припаѓале на принцовите Вилијам и Чарлс.

Но, кралицата Елизабета Втора застанала во одбрана на Пол и рекла дека батлерот на Дајана и признал дека „однел некои работи на принцезата во својот стан на чување“. Поради тоа Пол бил ослободен од сите обвиненија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг