НБА: Блесок на Богдановиќ, Вестбрук броеше до 58

Макфакс

08/03/2017

10:13

548

Големина на фонт

а а а

Дирк Новицки, Расел Вестбрук и Бојан Богдановиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која беа одиграни само три натпревари.

Дирк Новицки живата легенда на Далас и светската кошарка измината ноќ стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 постигнати поени.

Најдобриот германски кошаркар на сите времиња го предводеше Далас до триумфот над ЛА Лејкерс 122:111 со 25 поени и 11 скокови.

Триесет и осум годишниот Новоцки на вечната листа се наоѓа на шестото место со 30.005 поени, пред него се легендите Вилт Чембрлен (31.419), Мајкл Џордан (32.292), Коби Брајант (33:643), Карл Мелоун (36.928) и Карим-Абдул Џабар (38:387).

Оклахома загуби од Портланд 121:126, иако во првата четвртина тимот постигна 40 поени, а Расел Вестбрук постигна 58 поени.

Портланд со тимска игра победи во Оклахома, седуммина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Алан Краб со 23, поен помалку постигна Демијан Лилард, а Си-Џеј Мекалум уфрли 21 поен.

Вестбрук одигра уште еден неверојатен натпревар постигна 58 поени (18/30 од поел) на кои придодаде 9 асистенции и 3 скока, но тој немаше поддршка од соиграчите. Само Виктор Оладипо (16) и Енес Кантер (11) уфрлија двоцифрен број на кошеви.



Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ блескаше во победата на Вашингтон во Феникс 131:127. Богдановиќ постигна 29 поени за исто толку минути игра и беше најефикасен во својот тим. Богдановиќ ги погоди сите 16 слободни фрлања.

Одличен меч одиграа и првите ѕвезди на Вашингтон Џон Вол и Бредли Бил кои постигнаа 25, односно 27 поени, а заедно искомбинираа 14 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки.

Кај Феникс со ефикасноста се истакнаа Ерик Бледсоу со 30 и Девин Букер со 25 поени.



Спонозорирани линкови

Маркетинг