Дирк Новицки испиша историја

Макфакс

08/03/2017

09:59

517

Големина на фонт

а а а

Дирк Новицки живата легенда на Далас и светската кошарка измината ноќ стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 постигнати поени.

Најдобриот германски кошаркар на сите времиња го предводеше Далас до триумфот над ЛА Лејкерс 122:111 со 25 поени и 11 скокови.

„Диркенштајн“ ја игра својата 19-та сезона во Далас, а магичната цифра од 30.000 поени ја мина на почетокот на втората четвртина што предизвика делириум кај навивачите во „American Airlines“ центарот.

На оставрувањето на Новицки емотивно реагираше неговиот тренер, ментор и пријател, Холгер Гешвиндер, човекот кој е најзаслужен за неверојатната техника на германската легенда.



„Ова е помалку нереално, 30.000 поени, тоа е навистина многу. Ова беше едно нееројатно возење, а се надевам дека ќе има уште неколку кошеви пред полека да одјавам кон сонцето“, рекол Новицки.

38-годишниот Новоцки на вечната листа се наоѓа на шестото место со 30.005 поени, пред него се легендите Вилт Чембрлен (31.419), Мајкл Џордан (32.292), Коби Брајант (33:643), Карл Мелоун (36.928) и Карим-Абдул Џабар (38:387).


Спонозорирани линкови

Маркетинг