Жените кои го прават ова во кревет се посклони кон изневерување на партнерот

Точка

07/03/2017

20:57

8.190

Големина на фонт

а а а

Ако жената долго и непрестано глуми оргазам, својата среќа и задоволство во сексот ќе посака да ги побара на друго место, открило едно ново истражување.

Интензитетот и количината на оргазмот не влијаеле врз желбата на жената за неверство, но подолгиот период на глумење оргазам влијаел жената да посака да ги исполни своите сексуални потреби надвор од постојната врска.


Сексуалната терапевтка Тами Нелсон открила за магазинот „The Sun” дека повеќе од 50 отсто од жените глумеле оргазам за време на сексуалниот однос, а дури 80 отсто од нив го признале тоа.

„На повеќето жени им е потребна директна стимулација на клиторисот помеѓу 7 и 45 минути, а ако не го покажат своето задоволство во некоја форма на физичка потврда, нема ниту да знаете дали сте близу до нејзино задоволување“, им го објаснила Нелсон на мажите резултатот од истражувањето.


Инаку, претходни истражувања откриле дека жените кои глумат оргазам чувствуваат големо незадоволство во сексот, а ретко разговараат за своите сексуални желби и фантазии или воопшто не го прават тоа, што ја поттикнува прељубата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг