Младата пејачка ги покрила голите гради само со голем ремен

Точка

07/03/2017

18:30

4629

Големина на фонт

а а а

Пејачката Хелси се погрижила да не помине незабележано на доделувањето на наградите на радио станицата iHeartRadio, па облекла необична, провокативна модна комбинација.


22 – годишната Хелси го привлекла вниманието на присутните на доделувањето на iHeartRadio наградите. Имено, пејачката ги покрила своите голи гради само со голем жолт ремен.


Иако поп ѕвездата, чија песна се наоѓа и на санудтракот на филмот „50 нијанси потемно“, е позната по својот необичен стил на облекување, сепак, може да се каже дека овој пат навистина претерала.



За потсетување, на доделувањето на престижните Греми награди, Хелси облекла нешто што личело на пижами. Горниот дел бил раскопчан и ги покажал нејзините разголени гради.


На забавата која се одржала по доделувањето на Греми наградите, пејачката гордо ги покажала и двете златни навлаки на забите.


Младата Американка се прослави со своите видеа на YouTube во кои пеела преработки на песни од познати изведувачи. Откако потпишала договор со издавачка куќа, Хелси пеела на турнеја со групата The Kooks.


Таа вели дека нејзин пример се Лејди Гага, Канје Вест, The Weeknd и Ејми Вајнхаус.



Спонозорирани линкови

Маркетинг