Според Алонсо, возачите ќе бидат помалку важни

КРУГ.МК

07/03/2017

18:30

805

Големина на фонт

а а а

И покрај новите правила кој ќе донесат побрзи и потешки за возење болиди, Фернандо Алонсо верува дека годинава возачите ќе бидат уште помалку важни од порадно.

Последните години се прават напори да се врати контролата кај возачите поради се поголемото присуство на технологијата.

„Со технологијата која ја имаме во моментов, со аеродинамичките пакети кои ги имаме во моментов и со моторите кои ги имаме во моментов, возачите ќе бидат уште помалку важни. Со драг-от кој го имаме ни треба многу моч од моторот, со оваа потисна сила ни треба совршено искорисување на енергијата. Некои кривини едноставно ќе бидат правци. Ако имавте 20 коњски сили помалку лани губевте 2-3 десетинки, а годинава може да изгубите половина секунда. Важноста на некои технички делови на болидот е уште поголема, така што возачот нема да може да прави чуда“, објасни шпанскиот шампион.

Сепак, тој е дециден дека возачите ќе може да возат повеќе на лимитот оваа година.

„Во однос на притискање на болдиот до лимитот и изразување на вашиот возачки стил, ќе има повеќе разлика од претходно. Во еден момент лани колку побавно возевте толку подобро време вадевте на крајот од кругов поради тоа што штедевте гуми за да го максимизирате бројот на круговите со сетот гуми. Но, годинава се чини дека можете повеќе да “го бркате“ болидот за колку што е можно подобро време по круг“, заврши Фернандо.


Спонозорирани линкови

Маркетинг