Претставен е наследникот на "Passat CC": Фолксваген со Артеон ќе ги напаѓа БМВ 4 и Ауди А5

Точка

07/03/2017

18:00

6.089

Големина на фонт

а а а

На Саемот за автомобили во Женева има бројни новитети, а меѓу нив конечно е претставен и наследникот на "Passat CC" - новиот Фолксваген Артеон.

Моделот од премиум класата ќе се смести во гамата на германскиот производител на автомобили над Пасат со кој што дели многу работи, но во однос на споменатиот модел, новиот Артеон нуди и повеќе стил.

Исто така, преку тизери во неколку наврати најавуваниот нов модел на Фолксваген е темелен на модуларната MQB платформа и во однос на Пасатот има поголеми димензии. Попрецизно, Артеон е 4,862 мм долг, 1,871 мм широк и 1,427 мм висок.



Во однос на Пасат, Артеон има подолго меѓуосовинско растојание кој што изнесува 2,841 мм. Багажниот простор располага со 563 литри простор, а со спуштени седишта на задната клупа се искачува до 1,557 литри.

Како што најавуваат од Фолксваген, Артеон директно ќе им се спротистави на ривалите како што се БМВ Серија 4 и Ауди А5. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу шест бензински и дизел мотори со распон кој што тргнува од 1,5 литарски ТСИ мотор со 150 коњски сили, па се до најмоќниот 2,0 литарски ТСИ мотор со сила од 280 коњски сили и погон на предните две или сите четири тркала.






Спонозорирани линкови

Маркетинг