Дали водата со лимон навистина може да направи чудо? Оваа жена пробала и открила!

Точка

07/03/2017

17:53

5.921

Големина на фонт

а а а

Две недели секој ден пиела по две чаши вода со лимон и на крајот го споделила своето искуство.

Уште одамна луѓето експериментираат со различни природни пијалоци и трагаат по „фонтаната на младоста и здравјето“. Многумина веруваат дека тоа е обична вода со лимон.

Водата со лимон се препорачува дури и од страна на лекари, кои тврдат дека таа го подобрува здравјето, го зајакнува имунитетот, ги чисти токсините и масните наслаги од телото, и генерално добро влијае врз целиот организам. Се верува и дека го подобрува варењето, здравјето на црниот дроб, ги брише трагите од стареење од кожата, го забрзува метаболизмот, помага при депресија и анксиозност и ги регулира воспалителните процеси во телото.

Исто така, овој пијалок е многу евтин, па и тоа е една од причините зошто луѓето најчесто се одлучуваат за водата со лимон.

Но, како да знаеме дали овој пијалок навистина може да направи чуда? Една жена решила да проба и да открие! Две недели секој ден пиела по две чаши вода со лимон и на крајот го споделила своето искуство на порталот Prevention.


Совршена кожа?

„Лимонот е овошје богато со антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на клетките и ги уништуваат слободните радикали, вклучувајќи ги и оние кои создаваат брчки, како и други соединенија поврзани со создавањето знаци на стареење. Поради тоа, разни креми за подмладување содржат антиоксиданси како витамин Ц, и поради тоа дерматолозите за здрава кожа препорачуваат исхрана со повеќе антиоксиданси. Не очекував чуда и не ни ги добив. Но, после две недели, почнав да забележувам мали позитивни промени. Неколку критични точки се исчистија, лицето ми е помалку отечено и блеска“, открила жената.

Рамен стомак?

„Сите мои пријатели зборуваат дека водата со лимон, особено топлата вода, може да го поправи варењето на храната и да ја намали подуеноста. Исто велат и експертите – лимонската киселина од лимонот заедно со киселината од желудникот помагаат за подобро варење на храната. Научив и дека водата со лимон е одличен извор на калиум, минерал кој го одржува добро нивото на сол. Поради тоа мислам дека водата со лимон може да спречи задржување на течностите во телото предизвикани од големите количини на сол кои се внесени во организмот. На почетокот не бев сигурна дека ова навистина може да се случи, но после неколку дена забележав дека стомакот ми е порамен“, вели таа.


Лекува настинки?

„Цитрусите како лимонот се богати со витамин Ц, антиоксиданс за кој истражувањата покажале дека може да го намали воспалението во телото и да го забзра процесот на лекување на настинка. Јас не се разболев во текот на овој двонеделен експеримент“, истакнала жената.

Го забрзува стареењето?

„Студијата на Магазинот за клиничка биохемија и исхрана открила дека полифенолите од лимоновата кора спречуваат дебелеење кај глувците, ако се внесуваат 12 недели. За две недели изгубив околу половина килограм, што може, но и не мора да биде поради водата со лимон. Попрво ќе биде затоа што бев повеќе мотивирана за вежбање бидејќи почнав да правам нешто здраво, како што е пиењето на вода со лимон. Имав поголема волја за тренинг, јадев поздрава храна и се откажав од засладени пијалоци“, раскажала таа.

Го подобрува расположението?

„Кога станува збор за бенефитите за психата, водата со лимон се смета за вистински еликсир за кревање на духот – навистина, мојот скептичен дух исчезна. Дали е во прашање тоа што малку ослабев или поради самодовербата која ја стекнав поради двонеделниот здрав живот, не знам, но едно нешто е сигурно – за време на експериментот се чувствував подобро.


Спонозорирани линкови

Маркетинг