Зад заканата на ИСИС: Кинезите се соочуваат со многу сериозен проблем кој може да ги вовлече во војните на Блискиот исток

Точка

07/03/2017

17:00

2568

Големина на фонт

а а а

Неодамна објавеното пропагандно видео во кое што Исламската држава ѝ се заканува на Кина, укажува на можните поделби во ујгурските милитантни групи и со самото тоа зголемување на заканите во нестабилната провинција Синкјанг.

Исламската држава на 27-ми февруари објави пропагандно видео со сцени од животот на имигрантите од источен Пакистан во „земјата на исламистите“. На снимката ујгурски војник порачува дека ИСИС ќе „пролее реки со крв“ во Кина како одмазда на кинеската репресија над муслиманите во северниот регион Синкјанг.

Иако директните закани кон Кина и убивањето на двајца доушници на снимката привлекоа големо внимание, анализите на видео снимката најавија нешто поинтересно - можно отцепување на ујгурските милитантни групи и нивно „натпреварување“ околу тоа кој ќе нанесе поголема штета на Пекинг.

Лидерот на Исламската држава, Абу Бакр Ал Багдади тврди дека Кина е во рангот со Израел, Индија и Соединетите Американски Држави кога е во прашање угнетувањето на муслиманите. После оваа изјава, следуваше погубувањето на кинескиот државјанин Фанг Јингхуа во Ирак во ноември 2015-та година.


Новата снимка е доказ дека ујгурските милитанти се борат за Исламската држава и им оди во прилог на тврдењата дека стотици Ујгури им се придружиле на џихадистите во последните неколку години. Во склад со тоа, војникот на видеото го осудува „одметништвото“ на таканаречената „Туркистанска исламска партија“ (ТИП), добро организирана ујгурска група која што е присутна во Сирија од 2012-та година.

ТИП досега поради својата поврзаност со Ал Каида претставуваше најголема закана за Кина, а се до 2015-та година групата беше присутна на фронтот во Сирија. Снимката потврдува дека разидувањето на ИСИС и Ал Каида започнало да влијае и на ујгурските сили што би можело да има контра ефекти.

Од една страна тоа може да биде позитивна работа за Кина затоа што внатрешните конфликти ќе ги ослабат Ујгурите, но од друга страна несогласувањата на ТИП и другите ујгурски воени сили кои што се наклонети кон Исламистите може да претставува зголемена закана за Синкјанг и работите значително да се радикализираат.


Во август минатата година, утврдено беше дека напаѓачот на кинеската амбасада во Бишкек во Киргистан бил од ујгурска националност, додека напаѓачот кој што отвори оган во истанбулскиот ноќен клуб на новогодишната ноќ исто така е Ујгур.

Се смета дека овој проблем ќе претставува голем предизвик за официјален Пекинг. Кина на заканите одговори со демонстрација на сила, вклучувајќи ги и неодамнешните антитерористички митинзи на припадниците на одбраната во поголемите градови ширум државата.

Сега останува нејасо како активностите на ТИП и исламистичките Ујгури ќе влијаат на тоа како Пекинг ќе постапува во Сирија и Ирак. На крајот, Кинезите можеби ќе треба да ја отфрлат својата воздржаност кога кризата во овие земји е во прашање, доколку сакаат поефикасно да се спротистават на ујгурската војска.


Спонозорирани линкови

Маркетинг