После два месеци конечно е разрешена причината за смртта на Џорџ Мајкл

Точка

07/03/2017

17:10

6.954

Големина на фонт

а а а

После два и пол месеци конечно пристигнале резултатите од причината за смртта на британскиот пејач Џорџ Мајкл.

Како што изјавил патологот, пејачот починал од природна смрт. „Џорџ Мајкл починал од природна смрт која ја предизвикало слабото срце и маснотиите во црниот дроб и дискусијата за неговата смрт е заклучена“, рекол патологот.

„Со оглед на тоа што е потврдена природната причина за смртта, истрагата е прекината и нема потреба за понатамошно истражување.“


Џорџ Мајкл починал во својот дом на 54-годишна возраст на Божиќ според грегоријанскиот календар во 2016 година.

Британската полиција веднаш соопшти дека смртта не се случила под сомнителни околности, а неговото семејство објавило дека „смртта била мирна“.

Поради неговите проблеми со дрогата во минатото, во изминатите месеци се шпекулираше за тоа дека бил жртва на прекумерна доза на „тешки наркотици“, а некои зборуваа дека боледува од СИДА.


Меѓутоа, соопштено е дека познатиот пејач починал поради срцеви проблеми и масна дегенерација на црниот дроб.

„Истрагата за смртта на Џорџ Мајкл е затворена и направен е последен пост мортем извештај. Нема потреба за понатамошни истраги, а јавноста повеќе нема да биде известувана за дополнителни детали. Семејството ги моли медиумите и јавноста да ја почитуваат нивната приватност“, стои во соопштението.


Спонозорирани линкови

Маркетинг