ШОКАНТНО: Амаре Стадемаер повторно прави шеги на сметка на геј популацијата

Дерби

07/03/2017

14:16

890

Големина на фонт

а а а

Поранешната НБА ѕвезда Амаре Стадемаер за израелски спортски веб сајт изјави дека ќе избегне да игра и да се поздрави со свој геј соиграч.

Стадемаер подетално објасни за Walla Спорт, “Секогаш ќе одам да се туширам преку улица, сакам да бидам сигурен дека мојата облека ќе биде далеку зад аголот кога ќе одам гол да се облечам”.

Кога го прашале дали тој се шегува за тоа што го збори, тој истакна: “Секогаш има мала вистина во шегата.”- заврши Стадемаер.

Стадемаер сега игра за тим од Ерусалим, во израелската кошаркарска Премиер Лига.

Кога тој играше за Њујорк Никс во 2012 година, беше казнет со 50.000 долари, откако тој објави на Твитер геј клевета за свој навивач. Тој се извини за тој инцидент во соопштение, велејќи дека тој е “голем поддржувач на граѓанските права за сите луѓе.”


Спонозорирани линкови

Маркетинг