Стеф Кари испиша нова историја во својата НБА кариера

Дерби

07/03/2017

14:14

844

Големина на фонт

а а а

Вчера, Кари ја постигна 1.831 тројка во кариерата и го презеде десеттото место од легендарниот Чонси Билапс. Иако во последниот период е во мала поентерска криза, на вчерашниот меч против Њујорк Никс, повторно проработи и постигна 31 поен, од кои 15 беа постигнати со тројки.

Вчерашната одлична партија на првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, му овозможи да го добие тоа големо признание – влез во најдобрите десет тројкаши во историјата на НБА лигата.

Следна мета на одличниот Кари е легендата на Јута, Џо Џонсон, кој се наоѓа на деветтата позиција со 1.903 постигнати тројки во кариерата. Рекордот со 2.973 погодени удари за три поени сè уште е во рацете на Реј Ален, а во ова друштво се уште и Реџи Милер, Џејсон Кид, Кајл Корвер.


Спонозорирани линкови

Маркетинг