Нова казна за Црвена Звезда во Евролигата

Дерби

07/03/2017

13:16

532

Големина на фонт

а а а

Шампионот во кошаркарската АБА лигата Црвена ѕвезда повторно е казнета од страна на дисциплинската комисија на Евролигата.

Откако претходно доби две казни од Евролигата во износ од 42.000 евра српскиот клуб ќе мора да плати сума од 18.000 евра поради премногу публика и блокирани премини.

Освен што веќе го казни белградскиот тим, раководоството на кошаркарската Евролига уште еднаш апелираше до клубот да се придружува под упатствата.

-Апелираме до сите кои ќе бидат во нашата сала да се придржуваат до упатствата, затоа што клубот е под условна казна за празна сала на некој од наредните натпревари, стои во соопштението на клубот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг