Енди Мари се зацврсти на првата позиција на АТП листата

Дерби

07/03/2017

13:15

400

Големина на фонт

а а а

Светскиот рекет број два, Новак Ѓоковиќ, падна во четврт-финалето на Акапулко опен, со пораз од Ник Кирјиос, додека Стен Вавринка, на третото место, падна на првата пречка во Дубаи од Дамир Џумхур. Со овие резултати Мари се зацврсти со фантастични 2.215 поени пред Ѓоковиќ.

Енди Мари своето водство на АТП рејтинг-листата го зацврсти благодарение со освоената прва титула од Дубаи шампионатот, додека неговите ривали имаа лоши настапи. 29-годишниот Шкотланѓанец го победи Фернандо Вердаско во Дубаи и сега патува на Мастерсот во Индијан Велс, каде што исто така ќе се обиде да стигне до првиот трофеј со што уште повеќе може да го зголеми водството.

На ВТА-листата, Австралијката Ешли Барти скокна 66 места за да скокне на 92. место по првата освоена титула на Малезискиот опен. Меѓу најдобрите тенисерки нема промени откако повеќето од нив не настапуваа на малите турнири, но Украинката Лесија Цуренко скокнува 9 места на 41. место откако го освои трофејот во Акапулко, додека поразената финалистка Кристина Младенович, скокна четири места за да биде 2.


Спонозорирани линкови

Маркетинг