Шарапова доби „корпа“ од организаторот на Ролан Гарос

Дерби

07/03/2017

13:14

552

Големина на фонт

а а а

Раководните луѓе на на „Ролан Гарос”одлучија да не ги прекршат правилата кои велат дека не смее да се даде вајлд-карта на тенисер кој е под суспензија. Иако таа истекува наредниот месец, тоа нема да ја промени нивната одлука.

Русинката доби покани од турнирите во Штутгарт, Рим и Мадрид. И со тие покани очекуваше дека ќе добие вајлд карта и за Ролан Гарос. Меѓутоа,според организаторот, Русинката ќе ги има сите права како и останатите тенисери кога ќе истече суспензијата која беше донесена поради користење на недозволиви средства.

Марија Шарапова сепак, може да се надева на покани од другите турнири само кога ќе и помине суспензијата. Руската тенисерка чија што суспензија истекува во април, аплицираше за вајлд-карта на гренд слемот во Франција.

Организаторот на вториот гренд слем во годината одлучи да не ги прекрши правилата и да го одбие барањето на руската тенисерка која што се наоѓа под суспензија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг