Ленард го реши тексашкото дерби, Кливленд загуби од Мајами

Макфакс

07/03/2017

11:55

401

Големина на фонт

а а а

Дуелите помеѓу Сан Антонио и Хјустон, однсоно Кливленд и Мајами ја обележаа синоќешната програма во НБА лигата.

Каваи Ленард белскаше во дербито на Тексас кое по голема борба му припадна на Сан Антонио. Спарси го совладаа Хјустон 112:110, Ленард најпрвин погоди тројка во финишот преку Нене Иларио, а потоа во последниот напад го блокираше Џејмс Харден.

Ленард натпреварот го заврши со 39 поени, 6 скока, 5 асистенции и 2 блокади. Ист број на поени постигна Харден на споритвната страна.



Кливленд неочекувано загуби од Мајами 98:106, а мечот го обележа повредата на Ендру Богут, кој ја скрши потколеницата по 58 секунди игра во дебито за Кливленд.

Мајами до победата го предводеа Дион вејтерс и Горан Драгиќ. Вејтерс против својот поранешен тим постигна 29 поени, додека Словенецот имаше учинок од 21 поен и 5 асистенции.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс единствени кај Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени. Ирвинг уфрли 32, а Џејмс на 30-те поени придодаде 17 скокови и 6 асистенции.



Резултати:

Кливленд-Мајами 98:106
Орландо-Њујорк 105:113
Филаделфија-Милвоки 98:112
Атланта-Голден Стејт 111:119
Шарлот-Индијана 100:88
Мемфис-Бруклин 109:122
Сан Антонио-Хјустон 112:110
Јута-Њу Орлеанс 88:83
ЛА Клиперс-Бостон 116:102
Денвер-Сакраменто 108:96
Детроит-Чикаго 109:95.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.