Марина Анчевска: Да бидеш свој и автентичен во денешното опкружување е најголем дострел

Точка

07/03/2017

10:20

2.548

Големина на фонт

а а а

Успех се постигнува само доколку личноста работи на себe. Како да се постигне баланс меѓу надворешниот и внатрешниот свет, или рамнотежа меѓу професионалниот и и личниот живот.

Сето ова може да се постигне со неколку техники вели Марина Анчевска Извршен директор на Центарот за Бизнис психологија. Таа е НЛП тренер, бизнис и личен коуч, сертифициран од страна на Меѓународниот институт за применета психологија, а исто така е меѓународно сертифициран холистички терапевт и Јога учител.

За кого се наменети овие програми?

За сите љубопитни трагачи и за останатите кои што чувствуваат потреба за промена и сакаат да инвестираат во својот личен и професионален развој.

НЛП програмите исто така на сите компании им нудат уникатна можност, преку ефективните и практични НЛП техники, уште повеќе да го развијат потенцијалот на вработените и секако на компанијата во целост.

Дали навистина може да ви се промени животот со посетување на една ваква програма?



Животот не можеме да го смениме бидејќи имаме само еден. Меѓутоа начинот на кој го живееме и доживуваме можеме секогаш да го смениме.

Преку интерактивните и практични техники во НЛП програмата можете да се ослободите од лимитирачките верувања, да креирате нови навики, да бидете флексибилни во однесувањето, да се стекнете со нови способности, да го смените начинот на кој што го доживувате минатото за да бидете и дејствувате повеќе во сегашноста, да ја освестите вашата мисија и да креирате идентитет онаков каков што вие сакате.

Меѓутоа НЛП не е апче кое што веднаш ќе ви ги намали сите болки, недоверби и во еден миг се ќе биде поинаку.

НЛП е индивидуален процес кој што искуствено го поминувате. Вие одлучувате кога ќе зачекорите кон посакуваната цел. Сè е возможно!

Програмите се различни и зависат од личноста какви потреби има, дали вие одредувате кој каква обука ќе посетува или тоа е личен избор?



Акредитираните НЛП програми се исти и во зависност од тоа кои се потребите, секој учесник ги доживува на свој уникатен начин.

Тие ве водат во патување низ кое се откривате себе си. Во секој од нас има реалист, критичар и сонувач. Која улога најмногу ја превземате? Дали и кога го изгубивте сонувачот во себе?

Различни се идеите на учесниците кои што се приклучуваат во НЛП програмите. Некои доаѓаат од љубопитност и за искуство, а некои за акредитиран НЛП сертификат. И едните и другите ќе го добијат и искуството и сертификатот.

Вие одлучувате кога ќе зачекорите кон посакуваната цел. Важно е да бидете свои, или како што рекол Ралф Валдо Емерсон “Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг