АБА: Карпош го победи Задар

Макфакс

07/03/2017

09:47

158

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Карпош Соколи го совладаа Задар 85:79 во последниот натпревар од претпоследното, 25-то коло, во АБ А лигата. Соколите, во за нив натпревар без резултатско значење славеа над хрватскиот тим со што ја оставија Крка во игра да избори опстанок во лигата.

Задар во Скопје бараше победа која ќе му го обезбедеше опстанокот во АБА лигата и една четвртина го делеше од остварување на целта. Карпош Соколи пресвртот го направи во последните 10 минути, односно во последнта четвртина која ја доби со 28:19.

Пери одиисгра брилијантен меч го заврши со 26 поени, шест асистенции и пет скокови, Зековиќ постигна 17 кошеви, а Лабовиќ имаше учинок од 16 поени и 7 скокови.

Кај Задар се истакнаа Бараќ со 22 поени и 10 скокови, односно Брзоја со 14 поени и 12 скокови.

Во пресрет на последното коло Задар има една победа повеќе од последнопласираната Крка. Во последното коло Задар ќе ја пречека Олимпија, а Крка ќе игра против Цибона.


Спонозорирани линкови

Маркетинг