Наскоро ќе наполни 50 години, но не се откажува од вакво деколте!

Точка

06/03/2017

22:00

8026

Големина на фонт

а а а

Кога еднаш ќе изградите сексапилен имиџ, тешко е да се откажете од него. Барем така е во случајот на Памела Андерсон, канадско – американска актерка, која со децении важи за секс симбол и за четири месеци ќе наполни 50 години, а и понатаму се облекува провокативно како и порано.


Во деколтиран фустан и со длабок шлиц, атрактивната Памела вчера во париз ја посетила ревијата на Вивијен Вествуд. Градите во прв план оставиле најголем впечаток, но и разбушавената и недоволно стилизираната коса ги привлекла погледите на присутните.

Сепак, поради спојот на дезенот на фустанот и бојата на обувките, актерката заслужува комплименти.


Познатата Си Џеј Паркер од серијата „Чувари на плажата“, која се прикажуваше од 1992 до 1997 година, својот јубилеен роденден ќе го прослави на 1-ви јули, а овој број за неа не е знак дека треба да заборави на вакви модни изданија.


За среќа, оваа славна ѕвезда знае да биде и подискретна во облекувањето. Пред една недела во Милано била фотографирана во цветен фустан од модната куќа „Долче и Габана“.


Во овој ретро фустан, Памела проследила една ревија на неодамна одржаната Модна недела во Милано. Очилата и чантата кои ги носела во таа прилика им припаѓаат на истиот бренд.


А, пред комбинацијата од „Долче и Габана“, се појавила облечена во виолетов сатенски фустан во Лондон. Не можела да го заобиколи трендот на мрежести хулахопки, но актерката понудила своја варијанта од овој тренд.


Таа одбрала чорапи со потесна мрежа од онаа која е најпопуларна и ги носела со фустан, а не преку џинс како што тоа го прават повеќето девојки, поборници на трендот „мрежа – џинс“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг