Воената машина е активирана: Бред Пит е подготвен за борба

Точка

06/03/2017

18:34

7.450

Големина на фонт

а а а

Генералот МекМахон, командант на сили во кои поради грешки и корупција постојано се соочува со проблеми, сега ќе се соочи со уште поголем предизвик. Генералот набрзо ќе ги загуби и оние малку нерви кои му останале.

Со оглед на тоа што сме целосно убедени дека Бред Пит би можеле да го гледаме во било која улога, па дури и ако Бред глуми парче сунѓер, така сега ни се чини дека пред нас е уште еден негов одличен проект.


Пит ќе настапи во филмот „War Machine“, за кого ја превзел и продукцијата, а сето тоа под будното око на Netflix, кој ги дава парите. Освен Бред Пит, тука е и режисерот Дејвид Мичод, кој ја прилагодил книгата „The Operators: The Wild And Terrifying Inside Story Of America’s War In Afghanistan“ на новинарот Мајкл Хејстингс.


Славниот холивудски актер ја превзел улогата на генералот МекМахон, командант на американски сили, кој надгледува мисија во неименувана земја, каде што постојано искрснуваат проблеми, корупција и грешки од секаков вид.

Иако не се споменува некое конкретно име, моментално се смета дека ликот на генералот е заснован на вистински војник, генералот Стенли МекКристал, кој ги надгледувал силите во Авганистан. После една невротична епизода и плукање по Белата куќа, генералот морал да даде оставка.



Покрај Пит, во филмот се појавуваат и Тилда Свинтон, Бен Кингсли, Ентони Мајкл Хол, Вил Пултер, Лекит Стенфилд, Алан Рук, како и Скот Мекнери, а се чини дека би можеле да добиеме навистина пријатна комедија.

Филмот требаше да излезе во текот на 2016 година, но го одложија за крајот на мај на Netflix.


Спонзорирани линкови

Маркетинг