Булие: Во подобра позиција сме од лани

КРУГ.МК

06/03/2017

18:30

808

Големина на фонт

а а а

И покрај големите проблеми со моторот за време на првиот предсезонски тест, Ерика Булие од Мекларен смета дека екипата е во многу подобра позиција од минатата година.

„Во подобра позиција сме, но да бифам искрен таа позиција не е согласно нашите очекувања и очекувањата на нашите фанови по три тешки години. Имавме големи очекувања во пресрет на Барселона, но неделата не ја почнавме како што сакавме.

Ни претстои повеќе работа во Јапанија околу проблемите кои се појавија на моторот, проблеми кои апсолутно никој во тимот не ги ни очекуваше“.

Тој потврди дека проблемите кои се појавиле на моторот не се оние кои ја мачеа екипата во текот на минатата сезона.

„Нови проблеми кои може да се поправат, но не ни беа во план. Не се толку многу сериозни кои би влијаеле фубдаментално на дизајнот. Но, јас морам да истакнам дека сум задоволен од сработеното на сите во екипата.

Пропуштивме неколку денови, но имавме добар напредок кога возевме. Горд сум на тимскиот напор за да се обезбеди да го искористиме максимум времето минато на патеката. Се надевам да продолжиме со добриот моментум и дека вториот тест ќе биде многу подобар“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг