Макс не поставува цели пред шпанското ГП

КРУГ.МК

06/03/2017

16:08

671

Големина на фонт

а а а

Макс Верстапен е дециден дека нема да поставува цел за себе се додека тркачкиуот циркус не се врати во Европа, односно се до Шпанското ГП во Барселона.

19-годишникот е на прагот на својата 3та сезоа во спортот, а трката во Шпанија минатата година беше местото каде тој беше прекомандуван од јуниорскиот Торо Росо во сениорскиот Ред Бул.

Токму Шпанското ГП беше местото каде Макс стана најмладиот победник на трка во сезоната која ја заврши на 5то место во поредокот.

„Се до Мелбурн нема точно да знаеме каде сме. Тоа е целосно поинаква патека од Барселона, екипите ќе носат многу новини и подобрувања и поради тоа е безцелно да ги споредуваме врмињата од Барселона со она што ќе го видиме во Австралија. Секако дека тестовите треба да се следат, но не треба да се зема “здраво за готово“ колку некој е добар или лош.

Сеуште немам цел за 2017 година. Ќе поставам по четири трки, кога веќе ќе има поминато неколку трки на патеки кои се различна конфигурација и тоа ќе биде индикатор што сме постигнале и што сме направиле во текот на зимата“, објасни Верстапен.

Тинејџерот е позитивно расположен и за опашките на болидите кои последен пат беа видени во 2011 година.

„Ми се допаѓаат новите задни крила како и опашките како од ајкула. Многумина мислат дека тие се грди, но јас сакам да бидам искрен и да кажам дека мене ми се допаѓаат. Исто така, го сакам и предното крило и страничните спојлери, се изгледа одлично. Ланските болиди изгледаат здодевно во споредба со овие, ова е веќе изглед на прав тркачки болид“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг