Неверојатни скриени пештери до кои може да се стигне единствено со брод

Точка

06/03/2017

17:53

3.802

Големина на фонт

а а а

Боите непрестано се менуваат, па водата варира од тиркизна до темно сина, во зависност од времето и периодот во годината.


„Cuevas de marmol“ или Мермерните пештери во Чиле се уникатна природна формација која настанала благодарение на ударите од брановите во калциум карбонат во текот на 6000 години. Овие прекрасни пештери се наоѓаат во јужниот дел од земјата, на полуостровот на езерото Џенерал Карера, а најблискиот град Чиле Чико, е оддалечен 5 часа возење.


Внатрешните ѕидови на пештерите се прекриени со прекрасни примероци на окер, жолта, зелена и виолетова боја, со одблесок на тиркизната вода која тече под нив, а многумина кои ги посетиле велат дека глетката потсетува на Аурора Бореалис.


Боите постојано се менуваат, па водата варира од тиркизна до темно сина, во зависност од времето и периодот во годината. Местото е толку изолирано, што до него може да се стигне единствено со брод или, ако е добро времето, со кајаци.






Спонозорирани линкови

Маркетинг