Синот на Бекам наполнил 18 години и неодоливо потсетува на својот славен татко

Точка

06/03/2017

17:10

5.243

Големина на фонт

а а а

„Горд сум што помина со мене низ мојата кариера и уште повеќе ме гордее кога ќе видам во каква личност порасна. Среќен роденден“, напишал пензионираниот фудбалер во честитката за неговиот син.


Бруклин Бекам на 4-ти март станал полнолетен, а неговиот горд татко Дејвид (41) му го честитал роденденот и на социјалните мрежи.

Пензионираниот фудбалер објавил фотографија на која Бруклин е бебе и нагласил дека сега е доволно возрасен за заедно да одат во паб на пијалок.


„На денешен ден пред 18 години ова мало момче влезе во нашите животи. Малку е да се рече дека се почувствувавме благословено. Уште од првиот ден не сакаше да спие, единствениот начин на кој ќе заспиеше беше да седи во автомобил со уклучено радио. За среќа, сега не му е потребна музика за да заспие. Од ова прекрасно момче порасна еден згоден и пристоен дечко. Горд сум што помина со мене низ мојата кариера и уште повеќе ме гордее кога ќе видам во каква личност порасна. Среќен роденден! Сега и официјално можеш да го однесеш твојот татко на пијалок во паб“, напишал Дејвид во описот на споменатата фотографија и ги воодушеви своите многубројни фанови на Инстаграм, кои му посакале се` најдобро на Бруклин.





Спонозорирани линкови

Маркетинг