Пристигна музичкото видео на Аријана Гранде и Џон Леџенд

Точка

06/03/2017

15:05

3196

Големина на фонт

а а а

Доколку не сте запознаени со оваа информација, Аријана Гранде и Џон Леџенд снимија дует за насловната песна на новиот игран филм на Дизни – Убавицата и ѕверот.

Спотот за новата песна „Beauty And The Beast” конечно е објавен, а култната балада доби ново руво за популарниот анимиран филм.


Оригиналната песна ја отпејаа Селин Дион и Пибо Брајсон, а истата им донесе бројни признанија како што се Греми награда, Оскар и Златен глобус за најдобра филмска песна.

Дали Аријана и Џон ќе го повторат овој легендарен успех, останува да видиме, но сепак, овие двајца се доволно симпатични да го задржат вниманието на светската сцена на некое време.

Во продолжение, видеото за новата песна:



Спонозорирани линкови

Маркетинг