Познатиот актер од “Game of Thrones” откри кога ќе започне седмата сезона

Точка

06/03/2017

13:32

2.496

Големина на фонт

а а а

Еден од актерите, Лиам Канингем или познат по улогата на Сер Давос во култната серија “Game of Thrones”, во текот на разговорот со The Independent открил кога ќе се емитува долгоочекувана седма сезона.

Тој, низ разговорот го нагласил разочарувањето по одложување на сезоната, за која се сметаше дека ќе започне во април, оваа година.


“Многу луѓе ширум светот останаа разочарани откако излезе информацијата дека седмата сезона ќе се одложи. Таа сега е закажана за јули, мислам. Тоа ќе биде нешто многу специјално за овогодинешната премиера. Лошата вест е што сезоната ќе има само седум епизоди, а последната сезона би требало да почне со снимање веќе од септември” – вели тој.



Снимањето на седмата сезона на “Game of Thrones” се одложи поради временските услови. Режисерите имале идеја да снимаат на “тмурно и сиво време”, дури и на локациите кои во серијата се ведри, токму поради фактот што зимата конечно пристигна со почетокот на новата сезона.

Седмата сезона со седум епизоди во седмиот месец од годината? Можеби Сер Давос е во право.



Спонозорирани линкови

Маркетинг