Пејачката Лаура Крлиу ја направи ласерската корекција на диоптријa

Точка

06/03/2017

12:15

3.334

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лаура Крлиу која македонската публика ја запозна преку талент шоуто Идол, а која сега е популарна и во Албанија и Косово, реши да се ослободи од очилата, па затоа ја направи ласерската корекција на диоптрија.

Сè повеќе луѓе ја прават оваа интервенција. Зошто? Затоа што таа е брза (5 минути), безбедна и што е многу важно безболна. Со неа доживотно ќе ги заборавите трошоците за очилата и леќите.

Многу светски познати личности ја направиле ласерската корекција на диоптрија меѓу кои Бред Пит, Никол Кидман, Кортни Кокс, Елтон Џон, а исто така и многу јавни личности и од кај нас, како на пример актерката Магдалена Ризова, спикерката Татјана Стојановска, а од неодамна и пејачката Лаура Крлиу.

„Уште од многу мала, се сеќавам бев прво или второ одделение, ми кажаа дека треба да носам очила за вид. Не ги носев и поради тоа ми се зголеми диоптријата. На факултет, почнав да ги носам редовно, комбинирав, некогаш носев леќи, некогаш очила за вид. Особено ме нервираа очилата кога настапував тука или во Албанија, Косово. Шминката не можеше да ми дојде до израз, а имав и рефлексија на стаклата од камерите. Многу време поминувам пред камера, на сцена и за мене тоа беше голем проблем.”, вели таа.

Лаура објаснува дека долго време долго размислувала да ја направи ласерската корекција на диоптрија и кога прочитала на социјалните медиуми за Систина Офталмологија, за неа тоа било најприфатлива опција.


Систина Офталмологија, заедно со нивната партнерска клиника Свјетлост од Загреб успешно ја отстранија диоптријата на повеќе од 45 000 очи.

„Зафатот се изведува со помош на многу прецизни ласери, денешните операции се целосно компјутерски контролирани, а ласерите во себе имаат интегрирани неверојатно прецизни софтверски системи што овозможуваат отстранување на диоптријата за само 2 секунди и имаат интегрирани систем за следење што се занимава со движења на очите на пациентот и на тој начин ја исклучува секоја можност за грешка предизвикана од немирите пациенти. До денес, овој оперативен зафат досегна фактор на безбедност од 99%. Ласерското отстранување на диоптријата во светот се практицира повеќе од 25 години и оперирани се над 44 милиони луѓе. Со напредокот на ласерската технологија, методите станаа се поуспешни и побезбедни, па така се зголеми и спектарот на диоптрии што можат успешно да се третираат”, објаснува стручниот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

Токму поради овие причини и Лаура одлучила ја направи интервенцијата, а она што особено ѝ се допаднало кога дошла во клиниката бил односот на целиот персонал.

„Докторите детално ме известуваа за се’, па затоа кога дојде денот за интервенција, јас точно ги знаев чекорите и воопшто не се плашев. Воодушевена сум од пријателскиот однос на персоналот и од нивната грижа за мене, ми кажаа за се што треба, слободно да ги прашувам.

Животот многу ми се поедностави, сега кога гледам чисто и без помагала”, заклучува таа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг