Цветковски спектакуларен за победа на Хелсинборг над директниот ривал

Дерби

06/03/2017

11:13

429

Големина на фонт

а а а

Јане Цветковски и Хелсинборг си поиграа со директниот противкандидат за титулата во шведската Алсвенскан лига, при што конечниот триумф над Онеред од 31:24 можеше да биде и поубедлив бидејќи пред крајот домашните водеа и со 11 голови предност.

Македонскиот голман кој досега шест пати беше прогласуван за „Играч на натпреварот“ во победите на неговиот тим, повторно блескаше со 16 одбрани, од кои неколку се покажаа клучни во финишот на првиот дел кога имаа играч помалку, а Цветковски се запиша и во листата на стрелците со шут од гол на гол.

– Среќни сме што можеме да славиме на крајот од овој натпревар, бидејќи знаеме колку тежок противник е Онеред. Тие беа достоен противник во текот на сезоната, но ние го чекавме овој натпревар и се подготвувавме за него. Сега е потребно да го задржиме фокусот и да оствариме уште две победи во следните две кола за да ја обезбедиме титулата,- напиша македонскиот голман со популарниот прекар „Хогар Страшниот“ на својот официјален веб сајт.



На 4 кола до крајот на првенството, Хелсингборг следната седмица гостува кај Вастерес, тим кој се бори за опстанок во лигата, а потоа го пречекува и вториот директен конкурент за титулата, Алстермо. Хелсинборг сега има 34 бода, Алстермо е со 32, додека Онеред и Тиресо имаат по 30 бода.


Спонозорирани линкови

Маркетинг