„Сакај ги своите облини“: Рекламата на Зара налути многу жени

Точка

04/03/2017

15:54

9.142

Големина на фонт

а а а

Ирската подружница на Зара објавила нова рекламна кампања која ги слави женските облини и со неа налути многу жени.

Зара пред неколку дена во Даблин објавила нова рекламна кампања со мотото „Сакај ги своите облини“ (Love Your Curves).

Тоа не би било никаков проблем ако овој слоган не бил напишан над два женски модели кои немаат изразени облини.

Рекламата требала да ги потсети корисниците на Зара да ги сакаат своите фармерки од брендот "Body Curve Jeans" кои се промовираат во споменатата кампања, но несоодветната реклама налути многу жени кои реагираа на социјалните мрежи.



Прва била ирската радиска водителка Муриен О`Конел, која под спорната фотографија напишала: „Зара, мора да се шегувате“ и така собрала повеќе од 25.000 лајкови и повеќе од 14.000 ретвитови за само два дена.

Вирален твит

Виралниот твит се проширил со брзина на светлината и предизвика негативни реакции кај жените кои се навредени од овој натпис.

„Јас сум жена со умерени облини и сакам да нагласам дека немам ништо против жените во оваа реклама. Тие немаат облини, но тоа не значи дека нешто им недостасува.

Убави се. Јас имам проблем со споредбата помеѓу слоганот и фотографијата“, објаснила Муриен која јавно ја замолила компанијата да го промени насловот на рекламата, фотографијата или поинаку да се изрази.



И додека некои повторно го отворија прашањето за тоа како модната индустрија се обидува да ја обликува нашата перцепција за човечките тела, други одлучиле да се пошегуваат на сметка на Зара.

„Еве Зара, го поправив вашиот постер“, напишал корисниот Стјуарт Тејлор под истата фотографија. Наместо „Сакај ги своите облини“, тој напишал „Love your curry” и така дал до знаење дека модната индустрија треба да го поттикне здравиот апетит кон храната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг