Страв и трепет во Белата куќа: Мајка на 4 деца е најмоќна жена во САД

Точка

04/03/2017

15:40

13628

Големина на фонт

а а а

Важната тема во американското општество - како да се зголеми бројот на црни студенти на универзитетите - добила медиумски простор благодарение на една необична фотографија, односно од жената која влече многу конци во Белата куќа.

Додека Овалната соба била полна со академици кои со претседателот на САД пристигнале да разговараат како да се зголеми бројот на црни американски студени, советничката на претседателот, КелиЕн Конвеј во необично лежерна поза седела на каучот. Иако најпрво предизвикала критики од јавноста, доколку не била објавена таа фотографија би било занемарено дека Доналд Трамп има слух за една многу важна тема - образованието на црната популација.

Иако е кратко во Белата куќа, КелиЕн Конвеј е добро позната во американската јавност како директорка на кампањата на Трамп, а сега и како советничка на претседателот. Нејзиниот цврст и доминантен карактер им е добро познат на оние со кои работи, пишува Daily Mail.


Оваа 50-годишна жена е мајка на 4 деца и моментално е најмоќна жена во САД. Веќе со децении работи како советничка на републиканците како да придобијат женски гласови.

Родена е во 1967. година како КелиЕн Фицпатрик во работничко семејство во Њу Џерси. Нејзиниот татко бил возач на камион, а родителите и се развеле кога имала само 2 години. Пораснала во семејство на потомци на италијански доселеници. "Во семејството никогаш не сме воделе политички разговори, колку што се сеќавам", рекла таа. Но, еднаш во средно училиште слушала говор на Роналд Реган, кој ја инспирирал.


Една од првите работи кои ги работела била берење на боровинки на фарма во Хамонтон. Нејзиниот поранешен шеф се сеќава дека била многу брза и дека луѓе доаѓале да ја гледаат како работи.

Додека студирала на Оксфорд, одлучила да започне кариера во политиката. Основала сопствена компанија за вршење на анкети и политичко советување. Бидејќи влегувала во машкиот свет, вели дека конкуренција и биле постари мажи, на позиција на моќ.


"Пораснав да бидам силна жена без да спомене зборот феминист", рекла таа во една прилика.

Последните 16 години е мажена со Џорџ Конвеј Трети, њујоршки адвокат со кој има 4 деца.


Кампањата на Трамп ја преземала во август минатата година, кога почнал да паѓа на анкетите, и го убедила да го ублажи својот пристап. Сегашниот претседател го запознала во 2001. година, кога со сопругот се доселила во "Trump Tower".

Критичарите ја нарекле "лажливката на Трамп", што кулминирало со нејзината изјава за "алтернативни факти", кога се обидела да долови друга перспектива за бројот на присутните на инаугурацијата на Трамп.


"Нема нешто со што таа не може да се соочи. Кога моите советници се плашат да одат на некоја телевизија, ја прашувам дали сака таа да оди. Секогаш оди, и секогаш ги уништува", рекол Трамп во една прилика.

Многумина велат дека таа е многу пријатна и драга личност.



Спонозорирани линкови

Маркетинг