Мерцедес повлекува милион автомобили поради опасност од пожар: Овие модели се „најризични", еден детаљ на менувачот е кобен!

Точка

04/03/2017

16:37

14.415

Големина на фонт

а а а

Од 51 настанати пожари, 30 се пријавени во Соединетите Американски Држави. Од Мерцедес стравуваат дека можни се нов случаи на палење на нивните автомобили.

Милион Мерцедес автомобили ширум светот се повлекуваат од продажба поради опаснсот од избивање на пожар. Компанијата „Дајмлер“ го најави овој потег откако биле пријавени 51 случаеви на избивање на пожар кај најновите модели на автомобилите на Мерцедес.

„За среќа нема смртни случаеви или повреди“, порачаа од германскиот автомобилски гигант.


Од милион возила кои што ќе бидат повлечени, 307,629 се во Соединетите Американски Држави - земја која што заедно со Германија и Кина е еден од најголемите пазари на Мерцедес-Бенз. Повлекувањето од продажба се однесува на новите модели на Мерцедес, вклучувајќи ги и оние од 2017-та година.

„Од 51 пожар, 30 се пријавени во САД“, соопштија од германската компанија.

Повлекувањето се однесува на одредени модели на автомобили, а од Мерцедес како „најризични“ ги означиле моделите Ц-Класа, Е-Класа и ЦЛА, како и ГЛА и ГЛЦ моделите произведени од 2015-та до 2017-та година.


Од германскиот производител на автомобили соопштија дека доколку од некоја причина се случи моторот или менувачот да не можат да стартуваат, може да се случи во следните обиди за стартување да дојде до прегревање на електричниот лимитатор во анласерот и топење на околните делови, по што избива пожар.

Од Мерцедес уште во јуни минатата година започнаа истрага во врска со споменатиот проблем откако што во компанијата пристигнал извештај за „термичкото оштетување“ во лимитаторот на струја. Сопствениците на автомобили наскоро ќе бидат известени кога ќе треба да го однесат својот Мерцедес на сервис каде што ќе бидат заменети деловите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг