Ѕвездата од серијата „Луди 70-ти“ е обвинет за силување: Скандалозни тврдења ја тресат Скиентолошката црква

Точка

04/03/2017

14:38

8.414

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Лос Анџелес започнала истрага против актерот Дени Мастерсон, откако три девојки поднеле пријава против него тврдејќи дека сексуално ги злоупотребувал.

Во соопштението на полицијата стои дека наводното злоупотребување се случило на почетокот на 2000-тите години. Не е наведено зошто жртвите поднеле пријава 17 години по силувањето. Дени Мастерсон, кој се прослави со улогата во серијата „Луди 70-ти“, не сакал да даде изјава за медиумите.


Агентот на популарниот актер истакнал дека обвинувањата за сексуално злоупотребување се инспирирани од блогот кој своевремено го пишувал новинарот Тони Ортега, а кој имал за цел да ја разоткрие Скиентолошката црква на која Мастерсон ѝ припаѓа уште од раѓањето.


Новинарот ја пренел приказната на актерката Лиа Ремини, со која Мастерсон бил шест години во врска, а која го обвинила за силување.


„Наводниот инцидент за кој зборува таа се случил пред 16 години, но не е јасно зошто после наводното насилство таа одлучила да биде во врска со Мастерсон шест години. Кога ја раскинале врската, Ремини не сакала да се помири со тоа, дури и му се заканувала на сегашната сопруга на мојот клиент дека ќе ја претепа, доколку не се откаже од врската со Мастерсон. Нам црквата нè извести дека Ремини барала од заедницата да посредуваат во нивното смирување, но тоа не се случи“, рекол агентот на актерот и протолкувал дека трите наводни жртви ја пронашле својата иснпирација токму во овој блог и приказната за Лиа Ремини, која по напуштањето на Скиентолошкта црква станала нивен најжесток противник.



Спонозорирани линкови

Маркетинг