Талентот на Реал ја остави Холандија во бунило: Теледиригираниот пас на Одегард ја направи смешна цела противничка одбрана

Дерби

04/03/2017

12:29

5729

Големина на фонт

а а а

Мартин Одегард во текот на зимскиот преоден рок одлучи да побара минутажа во друг клуб во недостиг на шанси во Реал Мадрид, но иако при пристигнувањето во Холандија му требаше извесно време за адаптација, изминатава вечер докажа зошто Херенвен ги осигура неговите услуги.

Офанзивниот фудбалер за врска кој игра како позајмен играч во Херенвен го изрежира првиот брилијантен потег откако е член на овој клуб, а жртва во дадената ситуација беше комплетната одбрана на Го Ахед Иглс. Норвешкиот вундеркинд со теледиригиран пас го пронајде својот соиграч Слагвер и му овозможи на Херенвен да поведе со 2:1 во 70-та минута, натпревар на кој сепак до крајот погодија и гостите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг