Кливленд со нов тројкашки рекорд ја освои Атланта, ѕверската партија на Вестбрук остана без награда во Аризона

Дерби

04/03/2017

12:27

1.735

Големина на фонт

а а а

Првопласираниот тим во источната конференција, Кливленд Кавалирс ја оствари 42 победа во сезоната и тоа на гостувањето кај Атланта Хокс со 135-130 притоа поставувајќи нов тројкашки рекорд во НБА лигата.

Шампионот беше супер расположен кога се во прашања шутевите од дистанца, од линијата за три поени и уфрли 25 од вкупно 46 обиди со што го надмина рекордот на Хјустон Рокетс кој издржа помалку од три месеци (24 тројки во победата над Њу Орлеанс на 16 декември).

Лидери во триумфот на „коњаниците“ беа Ирвинг со 43 поени, 9 асистенции и Џејмс со 39 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Тим Хардавеј беше најзабележително име кај поразените со 36 поени (рекорд во кариерата).



Расел Вестбрук игра фантастична индивидуална сезона, но и тоа понекогаш не е доволно за триумф на неговата Оклахома. Тој на гостувањето во Аризона кај Феникс уфрли 48 поени, 17 скокови и 9 асистенции, ама тоа беше залудно зошто Санс славеа со 118-111.

„Сонцата“ беа подобар ривал во двете полувремиња, шестмина играчи дојдоа до двоцифрен број на кошеви од кои најмногу реализираше Бледсо (18).



На останатите средби беа поставени следниве резултати:

ЛА Лејкерс-Бостон 95-115

Њу Орлеанс-Сан Антонио 98-101 (по прод.)

Јута-Бруклин 112-97

Далас-Мемфис 104-100

Милвоки-ЛА Клиперс 112-101

Вашингтон-Торонто 106-114

Филаделдија-Њујорк Никс 105-102

Орландо-Мајами 110-99


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.