Надал фуриозно до финалето во Акапулко

Дерби

04/03/2017

12:24

1.581

Големина на фонт

а а а

Вториот носител, Рафаел Надал ја продолжи својата импресивна серија и ќе игра во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Акапулко, Мексико.

Рафа на овој турнир има победено во 2005 и 2013 година, а својот трет успех ќе го брка против Сем Квери. Американецот го победи Ник Кирјос со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-5), а пак Шпанецот му одржа лекција на Марин Чилиќ за нешто помалку од час и половина (6-1, 6-2).

Надал на турнирот во Мексико е перфектен, има низа од 14-0 протиа добивајќи ги сите 28 сета кои досега ги има одиграно. Шпанскиот рекет исто така има чист биланс во дуелите со Квери (4-0), но мора да се внимава на Американецот кој е во добра форма и освен Кирјос ги доби четвртиот и петтиот носител, Доминик Тим и Давид Гофан како и Британецот Кајл Едмунд.



Спонозорирани линкови

Маркетинг