Нејзината насмевка вреди милион долари, нозете ѝ се вистинска сензација: Но, кога ќе ја извади шминката...

Точка

03/03/2017

20:30

10.162

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се споменат холивудски ѕвезди со најубава насмевка, многумина веднаш помислуваат на неа. Кога се прават листи на ѕвезди со најатрактивни нозе, на многумина прво на ум им паѓа нејзиното име – Џулија Робертс. Убавината на харизматичната бринета е добро позната, а дали така изгледа и без шминка?

Џулија Робертс (49) го покажа своето ненашминкано лице кога пред неколку дена била фотографирана во Малибу во друштво на нејзина пријателка. После многуте премиери, часови и часови средување, актерката мора да одмори од шминката.


Дали ве разочара со ваквото издание? Џулија спаѓа во групата на актерки кои никогаш не го промовирале вештачкиот и нападен изглед. Таа е противник на фејслифтинг, а тоа што одбива да ги корегира своите брчки е голем професионален ризик, но таа не се откажува од својата одлука природно да старее.


Поради тоа, фотографиите на кои не е нашминкана не се шокантни како фотографиите на други актерки.

Џулија веќе со недели ја следат наслови дека после 15 години брак се разведува од Даниел Модер со кого има три деца, близнаците Хејзел и Финеј (13) и синот Хенри (10).


Се шпекулира дека поради пропаѓањето на бракот паднала во депресија и дека утеха наоѓа во брзата храна. Ако гласините се вистина, тоа ќе биде втор развод за Џулија Робертс. Со првиот се избори во 1995 година, кога после само две години брак се разведе од Лил Лавет.

Пред двата брака, славната актерка беше во врска со Лијам Нисон, Кифер Сатерленд, Џејсон Патрик, Метју Пери и Бенџамин Брет.


Како и да е, едно нешто е сигурно – нејзината насмевка навистина вреди милион долари, нејзините нозе се вистинска сензација, а и кога ќе ја извади шминката ја задржува титулата на една од најубавите жени во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг