Ова се најгледаните музички видеа на Youtube: Погодувате кој е на првото место?

Точка

03/03/2017

19:02

6573

Големина на фонт

а а а

Откако Youtube се појави во 2005 година, овие официјални музички видеа од славни артисти успејаа да добијат најмногу прегледи на глобално ниво. Дали погодувате која песна се најде на врвот?

10. Katy Perry - “Roar”



Пејачката на хитот „I Kissed A Girl” се најде на десеттото место на листата на најгледани музички видеа на Youtube. Видео записот за нејзината песна “Roar” е прегледан 1,828,723,602 пати.

9. Adele – „Hello”



Долгоочекуваната нова песна на Адел која минатата година не можевме да ја исфрлиме од главите заедно со мелодраматичниот спот направи ова видео да биде првото кое најбрзо добило една милијарда прегледи на Youtube. Досега, хитот “Hello” е прегледано 1,895,911,050 пати.

8. Major Lazer & DJ Snake, “Lean On” feat. MØ



Денс хитот кој ги освои светските топ листи има 1,909,561,888 прегледи на Youtube.

7. Enrique Iglesias, “Bailando (Español)” feat. Descemer Bueno and Gente de Zona



Фантастичниот латино хит на заводникот Енрике Иглесијас во 2014 година направи вистински бум на светските топ листи! Видео записот за ова музичко ремек дело досега е прегледан 1,939,226,940 пати.

6. Taylor Swift “Shake It Off”



Младата поп принцеза се најде на оваа листа со две свои музички видеа. Спотот за песната “Shake It Off” е прегледан 1,944,655,107 пати.

5. Taylor Swift, “Blank Space”



Како што споменавме, Тејлор Свифт има два музички спотови со кои ги освои гледачите ширум светот. Песната “Blank Space” досега има 1,974,526,604 прегледи на Youtube.

4. Mark Ronson, “Uptown Funk!” feat. Bruno Mars



Еден од најголемите хитови (ако не и најголемиот) досега на пејачот Бруно Марс има повеќе од 2,240,012,208 прегледи на својот видео запис.

3. Justin Bieber, “Sorry”



Младиот поп пејач ги освои сите светски топ листи со мегапопуларниот хит “Sorry”. И видео записот за истиот направи вистински бум на Youtube со повеќе од 2,281,185,652 прегледи.

2. Wiz Khalifa, “See You Again” feat. Charlie Puth



Саундтракот од филмот „Furious 7” се најде на високото второ место на оваа листа со 2,485,611,746 милијарди прегледи на Youtube.

1. PSY, “Gangnam Style”



Веројатно погодивте дека хитот од 2012 година се` уште го држи првото место на најгледани видеа на Youtube досега. “Gangnam Style” опасно се приближува до вртоглавата бројка од 3 милијарди прегледи. Поточно, станува збор за 2,777,101,143 прегледи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг