Кралицата на “белфија“ ја продава разголената позадина на интернет

Точка

03/03/2017

22:00

9.731

Големина на фонт

а а а

Младата старлета направила маици со принт од нејзината гола позадина (фотографии кои се наречени „белфи“), кои сега ги продава на страницата The Kylie Shop. Кајли се пофалила на Инстаграм со новиот производ кој ќе се најде во продажба.


Додека Ким Кардашијан (36) малку се смири и на Инстаграм објавува фотографии од своето семејство, нејзината полусестра Кајли Џенер (19) сериозно се фатила за работа и одлучила да заработува од својата раскошна позадина (за која постојат сомнежи дека е дело на пластичен хирург).


Фотографиите од нејзиниот задник, кои популарно се нарекуваат „белфи“, нарачала да се отпечатат на маици кои ќе ги прдава на страницата The Kylie Shop. Младата старлета се пофалила со новиот производ на Инстаграм.



Во онлајн продавниците засега можете да купите маици со ликот на нејзината мајка Крис, календар со Кајли, долна облека, маски за мобилни телефони и други артикли. Ријалити ѕвездата минатата година лансираше колекција на кармини кои станаа голем хит.


Се чини дека Кајли ја замени нејзината полусестра Ким Кардашијан, која го популаризираше „селфито“ на позадината.



Спонозорирани линкови

Маркетинг