Станови во кои сонцето ќе можете да го „наштелувате“ за цел ден!

Точка

03/03/2017

17:52

7.210

Големина на фонт

а а а

Колкава е цената? Вистинска ситница за најбогатите! Секој апартман ќе чини, ни помалку ни повеќе, туку 30 милиони долари!

Иако Дубаи веќе е дом на некои чудесни градби, како Бурџ Калифа и најголемиот забавен парк на затворено, атракцијата која ќе се појави во овој град во 2020 година ќе биде вистинско „светско чудо“.

Имено, според идејата на угледниот архитект Дејвид Фишер, за три години во овој град ќе биде изграден облакодер сосема поинаков од сите досега. Неговата главна карактеристика ќе биде тоа што апартманите ќе имаат можност за ротирање од 360 степени, а самото поместување ќе можете да го управувате со вашиот глас.

Така, станарите ќе можат да ги „наштелуваат“ апартманите на „сончев режим“ и цел ден да имаат сончев стан, бидејќи тој ќе ротира и ќе го следи сонцето.

Овој проект Фишер го замислил уште во 2008 година, но се откажале од него. Сепак, минатата година повторно пронашле инвеститор, така што, ротирачкиот облакодер сепак ќе заживее.

Што се однесува до самиот облакодер, интересно е тоа што секој апартман ќе биде изграден „посебно“. Едноставно, ќе влезете во лифт кој ќе ве однесе со вашиот ротирачки кат.

А колку чини ова луксузно задоволство? Вистинска ситница за најбогатите! Секој апартман ќе чини, ни помалку ни повеќе, туку 30 милиони долари!



Спонозорирани линкови

Маркетинг