Верстапен генерално задоволен

КРУГ.МК

03/03/2017

19:00

1.684

Големина на фонт

а а а

Макс Верстапен беше задолжен да го изведе последниот тест ден на мократа патека Барселона-Каталуња за екипата на Ред Бул.

„Секогаш е добро да минете малку на мокра патека во текот на првата недела тестирање. Се разбира дека условите не се идеални затоа што Сонцето грее и патеката брзо се суши, но барем добивме идеја како ќе биде со гумите за дожд.

Во однос на оценка за првата недела, ние имавме за цел да минеме колку што е можно повеќе километри и да бидеме сигурни дека болидот всушност работи и се однесува согласно очекувањата. Мерцедес сеуште имаат предност во однос на нас од моќта на моторот, но стигнуваме и се разбира дека болидот ќе биде доста променет пред трката во Мелбурн“, објасни Верстапен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг