Хамилтон сака нов формат

КРУГ.МК

03/03/2017

17:04

1.659

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон ја поддржа идејата на Рос Браун за промена во форматот на тркачкиот викенд со цел поинтересни трки.

Во своја изјава од Барселона, Рос објасни дека сака нешампионски трки во годината со цел да се пробаат некои новини за кои би било прехрабро да се пробуваат во текот на првенството.

„Тоа воопшто не звучи како лоша идеја, нов формат дефитнивино и е потребен на Формула 1. Последните 11 години откако сум јас тука е исто, Четврток-Недела. Со начинот на функционирање на овие болиди кои се тешки за претекнување, мораме да измислиме некои новини на трките.

Можеби секоја втора трка со различно сценарио затоа што на пример кога сме во Монако никој не може да претекне. Ни треба “зачинување“ и нешто различно, можеби спринт трка? Не знам, имам многу идеи но не би ги кажувал сите“, објасни Хам.

Либерти Медиа веќе почна со новини и олабавувања на спортот дозволувајќи тимовите и возачите да објавуваат материјал на социјалните мрежи, нешто на што Луис најмногу ќе се радува знаејќи ја неговата пасија за социјалните мрежи.

„Одлично е што новите идеи веќе почнаа. Потенцијалот на Формула 1 не е достигнат во однос на глобалниот успех, да бидам искрен, дури е и слабо искористен. Се надевам дека со несебична помош на сите, луѓето од Либерти многу ќе го доближат спортот. Не знам дали некогаш ќе биде популарно како фудбал, но мораме да бидеме поблиску“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг