Загрижувачки: Температурата на Антарктикот близу 20 степени!

Точка

03/03/2017

16:14

5.145

Големина на фонт

а а а

Членовите на аргентинскиот Истражувачки центар, сместен близу северниот дел од Антарктикот, во последните две години забележале рекордно висока температура од 17,5 Целзиусови степени, известува Агенцијата за климатски промени на ОН.

Базата Експеранза, на 24. март 2015. година евидентирала температура од 17,5 степени, објави Светската метеоролошка организација (WHO), по обработката на податоците од подрајчето на целиот Антарктик.


„Со проверката на максималните и минималните температури создаваме слика за времето и климата на една од крајните граници на нашата планета“ изјави Мајкл Спероу, кој заедно со Светската метеоролошка организација ја спонзорира Светската програма за истражување на климатските промени.

Количината на мразот на Антарктикот се проценува на околу 30 милиони km3, што е околу 90 отсто од вкупната количина мраз, односно вода на Земјата. Доколку тој мраз се стопи, нивото на морињата и океаните би се подигнало за околу 60 метри, па токму затоа будно се пратат и најмалите температурни промени.

Рекордно високи температури на Антарктикот претходно се измерени во 1982. година кога била 19,8 степени и во 1980. година, кога температурата изнесувала 19,4 степени.
Најниската температура досега е измерена во 1983. година, на подрачјето на тогашната советска станица Восток во центарот на Антарктикот и изнесувала -89,2 степени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг