Поради неа Наоми Кембел пукала од љубомора: Ова е сопственичката на најскапото тело на светот

Точка

03/03/2017

15:57

8.157

Големина на фонт

а а а

Многу пред Ким Кардашиан, ѕвезда на медиумите била Аманда Лепор, а за неа се зборувало дека има "најскапо тело на светот".

49-годишната Аманда станала сензација преку ноќ, и тоа кога се појавила на еден настан во Тунис целосно гола.


Од тогаш, таа е вистинска ѕвезда во медиумите. Таа вечер, велат, љубоморна ѝ била и Наоми Кембел.


"Наоми беше полудена од бес, бидејќи во центарот на вниманието беше Аманда, а не таа", велат очевидци од тој настан.


Аманда некогаш била маж, но на 19 години го променила полот. Отпатувала во Мексико за да ѝ ги скршат долните ребра. Силиконски додатоци има секаде, па дури и во бутовите, а инспирација пронашла во Мерилин Монро и во анимираната хероина Џесика Ребит. Поради операциите низ кои минала, долго време ја носела титулата "најскапо тело на светот".


Сега оваа хероина на транссексуалните личности подготвува автобиографија во која ќе зборува за детството кое го минала со шизофреничната мајка, за првите работи како домино дама, но и за славата.


"Кога ќе ме погребувате, подобро да ми ставите кармин и пудра пред да го затворите ковчегот. Тоа не е совет, тоа е наредба", напишала таа меѓу другото во својата автобиографија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг