„Убавицата и ѕверот“: Неверојатната вистина за љубовната приказна која го интригираше светот

Точка

03/03/2017

17:10

8881

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи и Винсент Касел се запознале во 1996 година на снимањето на филмот "L'appartment“, а се венчале три години подоцна. Овој по малку нескладен пар кој секогаш привлекувал погледи во јавноста, го објави својот развод во 2013 година и светот беше разочаран – нивниот брак навистина не беше конвенционален.

Љубовниот спој на италијанската актерка Моника Белучи и Винсент воопшто не им беше јасен на некои луѓе, а на други пак, нивната врска им беше многу интересна, па често ги красеше титулата „убавицата и ѕверот“.


Винсент со „лудилото“ во неговите очи и мистериозната Моника навистина не изгледаа како хармоничен пар, во што подоцна нè разувери и реалноста. Моника всушност била многу либерална сопруга, а тоа и го признала во едно интервју од пред неколку години.


„Страста можете да ја почувствувате и кон најлошиот човек кој некогаш сте го запознале. Но, таа нема никаква врска со партнерството. Во таквиот однос, страста останува, но поважна е довербата, почитта и свеста дека мажот ви е лојален, не во сексот, туку дека едноставно секогаш ќе биде тука за вас. Тоа е многу поважно од сексуалната вредност“, изјави Моника тогаш.


„Би било лудост да му барам да ми биде верен во таа смисла, кога јас сум отсутна два месеци. Не можете да барате такви работи ниту да контролирате со кого се гледа и што прави. Мислам дека пореално е да се размислува за квалитетот на односот додека сме заедно и како ќе го искористиме тоа заедничко време. Јас зборувам за тој вид на лојалност и елеганција.“


Пред неколку години кога Моника го дала ова интервју, таа сè уште била многу вљубена во својот сопруг со кого се омажи во 1999 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг