Расел Кроу – дел од новиот Deadpool?

Точка

03/03/2017

14:44

3.756

Големина на фонт

а а а

Авторот на Deadpool стриповите, Роб Лифелд, сака Расел Кроу да биде дел од продолжението на овој филм.

Тој објави твит во кој го спомна Кроу, велејќи му дека “треба да се спрема за новата улога на Cable во Deadpool и X-Force”, на што оскаровецот одговори “Треба да се спремам за тоа?”

Кратко потоа, се разви дискусија на Twitter во која Лифелд изјави дека е “огромен фан” на Расел, по што тој му врати, “Сигурен сум дека Рајан Рејнолдс би ја поддржал идејата”. Освен тоа, Кроу објави и фотографија, кое е дело на негов фан, на која актерот е претставен во, очигледно, неговата нова улога.


Писателите на Deadpool 2 откриваат дека Cable ќе има “поедноставна приказна” во однос на онаа од стрипот. Филмот требаше да биде во режија на Тим Милер, режисерот на првиот дел, но поради некои несогласувања, тој го напушти проектот. Се претпоставува дека Милер, наводно барал Кајл Чендлер (Bloodline) да биде новиот Cable, на кое Рејнолдс не се согласил, а неговата одлука ја поддржала и продукциската куќа Fox.

На филмот, сега работи и Дејвид Лич, кој го режираше John Wick. Како и претходниот дел, така и овој нема да располага со голем буџет, ниту со голем број на X-Men ликови. Дали е ова шанса Вејд Вилсон повторно да ја повтори шегата од првиот филм?



Спонозорирани линкови

Маркетинг