Држави на добрите дела: 5 највеликодушни земји на светот

Точка

03/03/2017

14:03

4.409

Големина на фонт

а а а

За време на празниците во Шри Ланка, жителите волонтираат со чистење на јавните површини и болниците или градат домови за бездомници.

Да се пружи помош на странец не е само добро дело на поединецот туку и предуслов за позитивни економски фактори кои влијаат и на БДП, долгорочната невработеност како и социјалните добра.

Консултанската група Gollup, неодамна спровела истражување на повеќе од 145 илјади луѓе во повеќе од 140 држави. Таа правела анкети, прашувајќи ги испитаниците дали во скоро време донирале пари во добротворни цели, волонтирале или помогнале на странец во неволја. Слично истражување се спроведе и минатата година, од страна на Global Civic Engagement Report, кое го вклучи целиот свет т.е. 7,4 милијарди луѓе.

Според нивните резултати, 1,4 милијарди луѓе во светот донираат пари, 2,2 милијарди помагаат на странци, а скоро една милијарда луѓе се волонтери.

5 земји кои се најдоа највисоко на листата по добродушност се Бурма, САД, Австралија, Нов Зеланд и Шри Ланка.

Бурма


Со обѕир на тоа дека тамошните жители се припадници на будизмот и строго веруваат во карма, донирањето е дел од нивниот живот. Иако, до неодамна се донираа средства само на монасите кои живеат од милостина, во последно време сè почесто се донира и на сиропиталиштата.

САД


Со обѕир на големината на оваа држава, тука навиките варираат, но постојат бројни американски непрофитни организации кои се бават токму со добротворна работа. Американската великодушност посебно се чувствува кога целата нација се обединува поради една цел, пример помагање на жртвите по нападот на 11. септември.

Австралија


“Еднаква шанса за успех” е сржта на австралиската култура. Особено се ценат оние кои успехот го постигнуваат со сопствен труд, а притоа остануваат приземјени и склони кон своите корена, а со тоа помагаат и на другите на својот пат.

Австралијанците се великодушни и во кризни ситуации ширум светот, како што е примерот со цунамито во Индонезија, по кое Австралија донираше 42 милиони долари за помош на жртвите.

Нов Зеланд


Жителите на Нов Зеланд имаат “должност” да си помагаат меѓусебно. Тоа се согледува и во акцијата “Бесплатна продавница”, каде продавниците и пекарите ја донираат храната која не успеале да ја продадат.

Шри Ланка


Поголемиот дел од жителите на Шри Ланка се припадници на будизмот и хиндуизмот, а сржта на нивните религии е да помагаат на другите. Од дарување крв до донирање на училиштата, жителите помагаат и преку бесплатно делење на храна за време на празниците.

Во тие денови се волонтира и преку чистење на јавните површини, помагање во болниците или изградба на дом на бездомници.


Спонозорирани линкови

Маркетинг